ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Детска еколошка приказна „Другарување со Пет и Еко”

На 13.10.2026 година во рамки на наставата учениците од I – V одделение беа дел од детската еколошка приказна „Другарување со Пет и Еко” од театарската продукција „АРТЛЕНД И БЕЈБИ АРТ”.
Претставата се проследи со особен интерес и интерактивно учество на учениците во неа. Детската еколошка приказна, изобилуваше со весели и игриви песни со забавни кореографии. Целта беше да им помогнат, на дечињата преку игра и песна на еден забавен и интересен начин полесно да научат што всушност претставува екологијата и што треба да прават за да станат вистински екологисти, кои ќе си ја сакаат и чуваат природата и околината во која што живеат. Сето ова знаење, директно влијае на подобрување на квалитетот на нивниот живот во иднина.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.