ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за упис на првачиња 2026/2027

✏️✏️✏️✏️✏️

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за запишување деца во прво одделение во учебната 2026/27год.
во ООУ „Стив Наумов“ – Скопје

Согласно член 60 од Законот за основно образование во прво одделение за учебната 2026/27г. се запишуваат деца родени 2020г. како и деца родени до 31.01.2021г. на барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. Училиштето ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот (урбаните заедници Автокоманда, Ќерамидница, ул. „Благоја Стефковски“ до број 15 и „Александар Македонски“ до бр.28).

Доколку останат слободни места по завршување на уписот ќе бидат запишани и деца од друг реон.

Потребни документи

📌 Извод од матична книга на родените (фотокопија)

📌 Потврда за примени задолжителни вакцини за детето

📌 Потврда од стоматолог одговорен за нашето училиште (амбуланта Автокоманда)

📌 Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа

📌 За деца со попреченост потребно е да се достави наод и мислење за функционална проценка

📌 Лична карта на родителот

Уписот започнува на 04.05.2026г. и ќе трае до 29.05.2026г.
Закажување за упис на телефон: 075 272 560
Потребната документација може да се достави на уписот со физичко присуство или предходно на електронската апликација https://uslugi.gov.mk/
Скопје, 03.04.2026г. директор
м-р Лилјана Стефановска
✏️✏️✏️✏️✏️
⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.