ИЗВЕСТУВАЊЕ за упис на првачиња 2026/2027
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за запишување деца во прво одделение во учебната 2026/27год.
во ООУ „Стив Наумов“ – Скопје
Согласно член 60 од Законот за основно образование во прво одделение за учебната 2026/27г. се запишуваат деца родени 2020г. како и деца родени до 31.01.2021г. на барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. Училиштето ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот (урбаните заедници Автокоманда, Ќерамидница, ул. „Благоја Стефковски“ до број 15 и „Александар Македонски“ до бр.28).
Доколку останат слободни места по завршување на уписот ќе бидат запишани и деца од друг реон.
Потребни документи
📌 Извод од матична книга на родените (фотокопија)
📌 Потврда за примени задолжителни вакцини за детето
📌 Потврда од стоматолог одговорен за нашето училиште (амбуланта Автокоманда)
📌 Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
📌 За деца со попреченост потребно е да се достави наод и мислење за функционална проценка
📌 Лична карта на родителот
Закажување за упис на телефон: 075 272 560
| Скопје, 03.04.2026г. | директор м-р Лилјана Стефановска |






Поврзани содржини