ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Превенцијата – чекор кон безбедно и одговорно однесување

🛡️👮‍♂️📚✨ Во соработка со СВР – Скопје, Одделение за превенција, во нашето училиште беа реализирани интерактивни предавања со учениците од VII и IX одделение на тема „Превенција од злоупотреба на дрога и алкохол, ризици поврзани со обложување и користење на интернетот, како и превенција од насилно однесување“. 🚫💻⚠️🧠
Преку едукативните содржини и интерактивната дискусија се придонесе кон унапредување на знаењата и свесноста за последиците од ризичните однесувања, развивање критички однос кон нив, како и јакнење на личните и социјалните компетенции за одговорно донесување одлуки и препознавање потенцијални ризици. 💡📈💪🌟
Благодарност до претставниците на СВР – Скопје за професионалната соработка и придонесот во создавањето безбедна и поддржувачка училишна средина. ❤️🤝🏫✨

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.