Патронен празник – 78 години постоење
Со свечената прослава на патрониот празник одбележавме 78 години од постоењето на ООУ „Стив Наумов“ – уште едно значајно поглавје од нашата училишна приказна 📜💙. Низ училниците и ходниците поминале генерации ученици кои тука ги направиле своите први чекори кон знаењето, пријателството и иднината 👧👦📚🤝.
Мотото „Детскиот сон го ткае патот кон иднината“ нè потсетува дека во секој детски сон се крие искра што може да го осветли утрешниот ден 🌟💭💫. Затоа продолжуваме со љубов, посветеност и верба да создаваме средина во која секое дете ќе има можност да расте, да учи и да ги претвора своите соништа во реалност 🌱❤️💪.
Среќен патронен празник на сите ученици, наставници, родители и пријатели на нашето училиште! 🎈🎉🥂🎓

















Поврзани содржини