ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Помислете и на нас – Кампања за борба против гладта

Под мотото „Помислете и на нас“, Подмладокот на Црвениот Крст на училиштето и членовите на Клубот за едукација и превенција се вклучија во Кампањата за борба против гладта. Да се биде хуман и солидарен и да се помогне беше целта на годинешната собирна акција на храна која ќе биде распределена на семејствата кои имаат потреба од помош. Уште еден позитивен пример за потребата од меѓусебна помош и градење релации во нашата заедница е поддршката од припадниците на Армијата од Баталјонот на специјални сили – „Волци“ кои се приклучија кон кампањата и донираа прехрамбени производи. Благодарност до сите ученици, родители и наставници кои повторно дадоа придонес за исклучително успешната реализација на оваа активност која промовира индивидуална и колективна емпатија и одговорност.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.