ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Реализирана работилница за рециклирање текстил

Заедно за почиста и поздрава животна средина!
Во нашето училиште ООУ„Стив Наумов“-Скопје, во соработка со фирмата „Тексомак“, се одржа едукативна работилница посветена на рециклирањето на текстил и подигнувањето на еколошката свест кај учениците.
Преку оваа работилница, учениците имаа можност да се запознаат со значењето на правилното селектирање и рециклирање на текстилниот отпад, како и со важноста од повторната употреба на текстилните материјали. Научија дека и старите и непотребни облеки можат да добијат нова намена, наместо да завршат на депонија и да ја загадуваат животната средина.
Како дел од оваа иницијатива , пред училиштето поставен е контејнер за собирање стар и непотребен текстил, каде што сите ученици, родители и вработени можат да го остават текстилот што повеќе не го користат.
Ги повикуваме сите родители и ученици да се приклучат коноваа акција, активно да учествуваат и заедно да придонесеме за почиста, поздрава и поубава животна средина.
Да покажеме дека грижата за природата зпочнува од нас, од нашите домови и од нашет!о училиште.
Секој стар дел од облеката може да добие нов живот.
Секој од нас може да нарави промена!
Да рециклираме денес за подобро утре!
ООУ„Стив Наумов“ – Скопје
Во соработка со „Тексомак“

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.