ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Приказна за Општина Гази Баба

📚🎨 На покана на авторките Билјана Лотевска и Лилјана Крстевска, учениците од I в одд.присуствуваа на промоцијата на сликовницата – боенка „Приказна за Општина Гази Баба“, организирана во рамки на одбележувањето на значајниот јубилеј – 50 години Општина Гази Баба.
Нашите ученици добија на подарок по една сликовница и боички, подарок кој им измами широки насмевки и предизвика голема радост. Со нетрпение ги отворија боенките и веднаш започнаа да ја оживуваат приказната со бои. ❤️
Благодарност до авторките за прекрасниот подарок и можноста децата преку приказна и креативност да ја запознаат својата општина! 🌸

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.