Превенција на болести од зависности
Реализирана едукативна работилница со учениците од VIII одделение на тема „Превенција на болести од зависности“, во соработка со ОО Црвен крст Гази Баба.
Преку интерактивни активности, дискусии и размена на мислења, учениците имаа можност да се информираат за ризиците од различни форми на зависности, нивното влијание врз физичкото и менталното здравје и значењето на донесување одговорни одлуки.
Голема благодарност до волонтерите и претставниците на ОО Црвен крст Гази Баба за нивниот придонес во подигнувањето на свеста кај младите и промовирањето на здрави животни стилови.










Поврзани содржини