Одбележување на 20 Ноември – Светскиот ден на детето
На 20 Ноември, на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, се одбележува Светскиот ден на детето, ден посветен на промоција на детските права, на нивниот безбеден живот, на нивната заштита, позитивен развој и правилен напредок, на нивната благосостојба и активно учество.
За таа цел и во нашето училиште, преку низа реализирани разновидни, инспиративни и креативни активности во рамките на Ученичкиот парламент и на Детската организација, учениците се потсетија на своите детски права и детски обврски, но ги потсетија и возрасните дека децата, како рамноправни членови на секое општество, имаат свои права и дека истите треба да се почитуваат. Учениците истовремено посветено работеа и на подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат децата ширум светот, а ученичките изработки, како потсетник за сите, беа изложени во училишните простории.
Координатори за Детска организација:
Елизабета Каранфилова (одделенска настава)
Бојана Митевска (предметна настава)
































Поврзани содржини