ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Uchestvoto vo kontaktno-uchilishnata emisija za deca Dzvon 2022 1

Учеството во контактно-училишната емисија за деца “Ѕвон“ 2022

На 10.10.2022 год. дел од учениците од второ, трето, четврто, петто, шесто и седмо одделение учествуваа во контактно – училишната емисија „Ѕвон“, на покана од уредникот Татјана Ласковска.

Учениците го претставија своето основно општинско училиште –  ОOУ „Стив Наумов“, а воедно и активности во рамките на проектите „Ученички иницијативи“ и „Еколошка едукација во Македонскиот образовен систем“.

Се презентираа содржини од страна на талентираните ученици од областа на музиката,  драмската и литературната сeкција како и знаење од областа на техничко образование и природните науки. Учениците покажаа  голема креативност, а посебен акцент беше ставен на едуцирањето и другарувањетo.

Координатор:  Андријана Стефановска

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе