ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Martina, crveno-bela amajlija 1

Мартина, црвено-бела аМајлија

Црвено-бела аМајлија

        Во минатото, првиот ден од месец Март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Во чест на Први Март, девојките и жените плетеле алки – Мартинки.

Мартинка е декорација од засукани конци кои се ставаат на 1 Март за здравје, во Македонија и неколку други народи од Балканот, што е заедничка нишка,што го поврзува овој дел од Европа.

Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои – бела и црвена. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа.  Традицијата е на првиот ден од Март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци.

Традиционално секоја година во  просториите на општина  “Гази Баба”  се организира изложба и избор на најдобра креација на паноа со најубави Мартинки,во која зема учество и нашето училиште ООУ “Стив Наумов”- Скопје. Учениците ги изразија своите креативни  идеи и способности. Најуспешните беа однесени во општината “Гази Баба”. Останатите Мартинки беа изложени на училишното пано.

Одделенски наставник: Руменка Дејанова

 

 

 

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе