ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Posetata na sobranieto po povod megjunarodniot den na demokratijata 1

Посетата на собранието по повод меѓународниот ден на демократијата

На 17.09.2024 година, беше организирана посета на Собранието од страна на ООУ: „Стив Наумов“ –  општина Гази Баба, Скопје, по повод меѓународниот ден на демократијата. Десет ученици, придружувани од страна на наставничката по Граѓанско образование го посетија Собранието, настан кој траеше од 10:00 до 12:00 часот.

 

При влезот во собранието во кристалната сала, најнапред се обрати Претседателот на Собранието на Р. С. Македонија Африм Гаши, а потоа збор земаа и Вероник Улман, швајцарска амбасадорка. Марина Димовска, Генералната секретарка на Р. С. Македонија и Роберт Скот Хезјлет, НДИ, виш резидентен директор.

Потоа следуваше изведба на пантомима, фотографирање со пратениците и пратеничките, како и кратка средба помеѓу пратениците и учениците, на која им беше овозможени да поставуваат прашања.

Настанот се заокружи по кратката обиколка на зградата на Собранието, каде учениците беа водени од страна на Соња Стаменковска, вработена како Советник историчар во собранието.
Наставник по Граѓанско образование: Ана Петровска

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе