ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Predna standard 2

Волшебната ортодонција дел од превенција на дентофацијалниот систем

Под покровителство на Општина Гази Баба специјалист ортодонт Др.Марија  Караѓозова Ивановска од специјалистичката ординација по ортодонција Др.„ Караѓозова Ивановска“ на 16.05.2025 год петок во ООУ„Стив Наумов“-Гази Баба, Скопје реализираше стручно предавање на тема „Волшебната ортодонција дел од превенција на дентофацијалниот систем“. Предавањето се планираше и реализираше во соработка со Општина Гази Баба како поддржувач на мали и микро бизниси, а имаше за цел учениците од V а,б,в  да се информираат и запознаат со превенцијата и правилниот раст и развој на оралофацијалниот систем. Учениците со интерес и внимание го проследија предавањето и активно и со задоволство учествуваа и се вклучуваа во разговор и дискусија на поставени прашања. Споделуваа искуствени знаења и се стекнаа со нови и корисни и едукативни информации.

По завршување на предавањето учениците повторија за наученото. Др. Караѓозова подели соодветни флаери со 15 златни правила за орално здравје како и хигиенски помагала за орална хигиена обезбедени од Општина Гази Баба.

Актив на V одделение

Volshebnata ortodoncija del od prevencija na dentofacijalniot sistem 1 Volshebnata ortodoncija del od prevencija na dentofacijalniot sistem 2

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе