ПРОЕКТИ
Проекти кои се реализираат во училиштето
Нашето училиште во континуитет е вклучено во образовните реформи кои повлекуваат реализирање на проекти кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес.
Реализацијата на проекти им овозможува на учениците активно учење, придонесува за зголемен интерес и ангажман за учење и работа, а истовремено учениците стануваат свесни за важноста на комуникацијата и тимската работа.
Според тоа, во училиштето се реализираат следните проекти:
„Меѓуетничка интеграција во образованието“
е проект во рамки на којшто се реализираат активности насочени кон остварување на главната цел – учениците да ги продлабочат своите компетенции кои им се потребни за живот во интегрирано мултиетничко општество,
почитување на другите, зголемување на соработката помеѓу ученици од различни националности, прифаќање на разликите и право на еднаквост на сите. 🤝
„Зајакнување на детските капацитети за превенција од насилство“ и „Да ги земеме правата во наши раце“
во соработка со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се проекти кои во континуитет се спроведуваат веќе 4 години.
Целта на проектите е градење на капацитетите на возрасните-професионалците и родителите за разбирање и почитување на потребите на децата,
подобрување на капацитетот на професионалците и родителите за обезбедување сигурна и безбедна училишна и семејна средина,
како помош и поддршка на децата и адолесцентите за идентификација на сопствените компетенции при превенција од насилство.
Истовремено учениците се запознаваат со детските права и се креираат стратегии за унапредување на истите.
Во рамки на двата проекти се одржуваат едукативни работилници за родители на тема позитивно и одговорно родителство. 🧒📘
„Училиште на 21 век“
започна со реализација во 2019 година, откако група наставници посетија обука организирана од Британски совет и МОН,
а потоа направија дисеминација во училиштето.
Во сите предмети вклучено е критичкото размислување, бидејќи е една од основните вештини кои младите треба да ги поседуваат за да бидат подготвени за работа во современата економија.
Во наставата критичкото размислување се поттикнува и развива преку неколку стратегии:
Сократови прашања, земање предвид различни перспективи, вреднување докази, потрага по длабоки структури.
Исто така, внесен е во употреба уредот Микробит како средство за совладување содржини од информатика, но и изведување експерименти во други предмети.
Посебно внимание се посветува на корелацијата интернет – критичко размислување, за да може и користењето интернет да се стави во служба на критичкото размислување. 💻
За важноста на проектот „Училишта на 21 век“, говори и фактот дека развивањето критичко размислување е еден од приоритетите на училиштето за учебната 2020/2021 година. ⭐
Еразмус + проекти – КA1 и КA2
ООУ „Стив Наумов“ – Скопје како партнер организација учествува во спроведување на Еразмус + проект КА2 – КА201
(Стратегиски партнерства за поддршка на иновации во училишно образование) насловен како PREDICT.
Проектот започна со реализација во Декември 2019 година и е во траење од 30 месеци.
Главната цел на проектот е да се развијат нови наставни програми, методологии за образование, веб апликации и игри за обука на деца, млади и лица со посебни потреби,
при тоа овозможувајќи инклузивен пристап и едукација на деца, млади и лица со попреченост во спречување на природни катастрофи,
како и инкорпорирање на знаење за ризици од катастрофи во формалното и неформалното образование преку создавање нов пристап во обука на овие лица. 🌍
Координатор и апликант на проектот е Воената академија „Михајло Апостолски“ – Скопје,
а партнер организации се: Државното училиште центар за образование и рехабилитација на лица со оштетен слух „Партенија Зогравски“ – Скопје,
Главна дирекција за пожарна безопасност и заштита на населението, Republic of Bulgaria и Asociation IT solutions for all,
Non-governmental organisation/association, Spain.
Училиштето е регистрирано на платформата E-twinning преку која се реализираат најразлични проекти со училишта од други земји.
Преку овие проекти се остварува директна комуникација на наставниците и учениците приклучени во конкретниот проект.
Целта на овие проекти е споделување на позитивни практики и размена на искуства меѓу наставниците и учениците,
како и запознавање со другите култури. 🌐
