Реализиран деветиот наставен час од проектот ,,Градиме мостови”
На ден 22.01.2025 (среда) во рамки на проектот „Градиме мостови“ се реализираше заеднички час, прв за второто полугодие, помеѓу ученици од нашето училиште, од VIII-а одделение, и ученици од ООУ „25 Мај“, од VIII -3 одделение. На часот по математика учениците соработуваа, си помагаа и стекнаа нови знаења за собирање и одземање децимални броеви.
Проектот е поддржан од ОБСЕ, МОН и Општина Гази Баба.
Координатор на проектот: Даниела Моневска








Поврзани содржини