ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Predna standard 2

10 Октомври – Светски ден на менталното здравје

Менталното здравје на младите има директни импликации по нивната самодоверба, одлуките кои ги носат и однесувањето (пр. редовноста во училиштето, мотивацијата за учење, училишното постигнување, социјалното поврзување и сл.), како и по шансите за подобар живот и добро здравје во иднина.

Училиштата се исклучително важни како средина во која на децата може и треба да им се пружа поддршка за унапредување на нивната добросостојба и ментално здравје.

Светскиот ден на менталното здравје се одбележува секоја година на 10 Октомври, со цел да се подигне свеста за проблемите со менталното здравје ширум светот и да се мобилизираат напорите за поддршка .

Во нашето училиште се одбележа  Светскиот ден на менталното здравје со рализација на работилници од страна на наставниците и стручните соработници во училиштето, се изготвија едукативни флаери за учениците и родителите со совети за грижа за менталното здравје на децата. Ученичкиот парламент спроведе кампња за подигнување на свеста за грижата за менталното здравје.

 

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе