ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Предна стандард 2

Драги првачиња, среќно поаѓање на училиште!

На 1 Септември 2025 година со почеток во 09:00 часот и со поздравен говор на директорката на училиштето, м-р Лилјана Стефановска, се одржа пригодната приредба по повод прием на првачињата во училиште, почетокот на нивното школување и нивна интеграција во воспитно-образовниот процес.

Првачињата со своите родители, возбудени и насмеани, подготвени за новата учебна година приредбата со внимание ја проследија, а по читањето и по постројувањето, предводени од своите одделенски наставници,  заминаа во своите училници и примија учебници и пригодни подароци.

Им посакуваме бројни успеси во школувањето и безгрижно детство!

 

Координатор за Детска организација: Елизабета Каранфилова

Лого Стив Наумов 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе