ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Дводневни обуки за наставниците од одделенска и предметна настава

На ден 07.11.2022 и 08.11.2022 год. во просториите на ООУ„Стив Наумов“, се одржаа дводневни обуки за наставниците од одделенска настава и за наставниците од предметна настава.

Обуката на тема „Учење преку истражување, работа на проект и решавање проблеми“, во организација на Академија ЦЕС.ја следеа 30 одделенски наставници, а истата ја реализираше Марика Балабанова

На обуката се реализираа следните содржини:

Современи пристапи во наставата и активно учење

Решавање проблеми и проблемска настава како основа за развој на критичко и креативно размислување

Истражување како наставен метод и истражувачка настава

Проект и проектна настава

Наставниците од предметна настава ја следеа обуката ПРИМЕНА НА ИНОВАТИВНИ ИНТЕРАКТИВНИ ПРИСТАПИ ВО НАСТАВАТА, обучувач: Гордана Блажевска Спиридонова. Обуката се состоеше од четири сесии:

  • Иновативни пристапи и примена на активни техники во современото образование
  • Конструктивистичка настава и интегриран пристап во структурата на наставниот час
  • Моделот на превртена училница и имплементација на превртената училница во пракса
  • Креирање сценарио според моделот на „превртена училница“
⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.