ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Едукативна прошетка во Скопје на учениците од IV одделение

Во текот на прошетката 🚌 беа посетени повеќе значајни локации 🏛️. Учениците ја посетија црквата „Св. Константин и Елена“ ⛪, каде имаа можност да се запознаат со духовното и културното значење на храмот. Потоа беше посетена и спомен-куќата на Мајка Тереза 🤍, каде учениците дознаа повеќе информации за нејзиниот живот и хуманост.

Прошетката продолжи по улица Македонија 🚶‍♂️🚶‍♀️ и Плоштад Македонија, како и споменикот на Александар Македонски 🐎.

Учениците го посетија и Камениот мост 🌉 над реката Вардар, како еден од најпрепознатливите симболи на градот Скопје 🏙️. Потоа следеше прошетка низ Старата скопска чаршија 🕌, каде учениците се запознаа со старите занаети, традиционални носии и специфичната архитектура.

Во рамки на посетата беше и црквата „Св. Спас“ ⛪, каде учениците во дворот на црквата направија обиколка низ автентичните детали на старите исконски градби 🏘️. Со интерес ги препознаваа буквите на глаголицата 📜, испишани на старите гробници во дворот, и внимателно го следеа раскажувањето на кустосот за животот и делото на Гоце Делчев ✨, неговото значење и патот на неговите мошти до црквата.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.