ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Еколошка акција во нашето училиште

Денот на екологијата и денот на пролетта во ООУ,,Стив Наумов“ се одбележаа со соодветни активности кои беа спроведени во текот на 28.02. 2025. Во активностите беа вклучени учениците од нашето училиште и вработените во училиштето.

Се реализираа следниве работни активности:

– работна акција за внатрешно чистење на училниците и ходниците;

– работна акција за чистење на училишниот двор;

– засадување на садници во определен простор;

– уредување на еко катчето.

За успешна реализација на сите овие активности, еко тимот во координација со Директорката и вработените во училиштето спроведоа повеќе работни акции на чистење:

– работна акција за внатрешно чистење на училниците и ходниците спроведена со учениците од VI до IX одделение. Сите ученици со своите класни раководители учествуваа во средување на својата училница за што беа обезбедени заштитни ракавици, соодведни крпи, сунѓери и универзални средства за чистење.

– работна акција за средување,чистење отпадоци во училишниот двор како и нивна селекција за рециклирање. Работната акција во која учествуваа учениците од I до III одделение заедно со своите одделенски раководители.

– подготвување на простор за садење садници и садење на садници, активност спроведена со учениците од IV одделение. Учениците предходно го подготвија теренот, со корнење на трева, копање на земјата, потоа ги засадуваа цветните растенија.

– уредување на еко катчето работна активност спроведена од учениците од V одделение во координација на одделенските раководители. Учениците истражуваа, изработуваа хамери, пишуваа песни состави и истите ги истакнаа на еко катчето.

Одговорни наставници:

Предметен наставник: Марина Грамова

Одделенски наставник: Ивана Саздовска Спасиќ

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.