ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Nasheto uchilishte proslavi 75-godishnina i 103 godini od ragjanjeto na Stevan Naumov Stiv 1

Нашето училиште прослави 75-годишнина и 103 години од раѓањето на Стеван Наумов Стив

27 Октомври е датум кој за сите нас има голема важност, затоа што имаме чест наш патрон да биде Стив Наумов, кој својот млад живот го положил за својата татковина и прераснал во народен херој. Неговиот пример на родољубие и пожртвуваност одекнува низ историјата до ден денес, а ние сме горди што сме негови наследници и ја живееме неговата огромна љубов кон својата земја и својот народ. Оваа година прославивме 103 години од раѓањето на Стеван Наумов – Стив и 75 години од постоењето на нашето училиште кое гордо го носи неговото име.

По тој повод, овој ден беше одбележан со пригодни активности и свечена програма при што на бистата на Стив Наумов беше положено свежо цвеќе од страна на делегација од нашето училиште и потомците на нашиот патрон, а потоа нашите ученици донесоа посебен сјај и убавина со своите интересни настапи во склоп на свечената приредба која беше проследена од страна на родителите, потомците на нашиот патрон, гости од основните училишта од општина Гази Баба, како и претставници од општината заедно со градоначалникот, кој со свечен говор го поздрави овој ден и искажа почит кон нашиот патрон и нашето училиште.

Почитта, посветеноста и придонесот кон овој датум и неговото значење ќе остави убав спомен, а тоа ќе биде наш патоказ кон светла иднина, следејќи ги трагите на светлите ѕвезди кои никогаш не згаснуваат.

Честит патронен празник!

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе