ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Нашите ученици освоија 5 медали на државното првенство во пливање

На ден 08.10.2025 (среда) под покровителство на “Федерација на училишен спорт на Македонија”, се одржа Државно првенство во пливање, на базенот во Куманово.

Од нашето училиште учествуваа 12 ученици од III до IX, а 5 од нив се закитија со медали и дипломи. Секој учесник пливаше по две трки на 50 м.

*Матеј Мисајловски (V одд.) – I и II место (градно и делфин)

*Георгина Тунева (VII одд.) – II место (грбно)

*Калина Христовска (VII одд.) – III место (краул)

*Горазд Христовски (VII одд.) – II место ( делфин)

*Бојана Манчевска (VII одд.) – III место (грбно)

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.