Посета на Народна банка на РСМ
Околу 90 ученици од ООУ „Стив Наумов“ – Скопје ја посетија Народната банка, каде што имаа можност одблиску да се запознаат со нејзината улога и значење.
Топло добредојде им посака вицегувернерката Ана Митреска, која им ги претстави основните функции, цели и задачи на централната банка. Таа истакна дека финансиската едукација е клучна за разбирање на економијата и за градење стабилна иднина.
Учениците, предводени од педагогот на училиштето Биљана Василевска, психологот Александра Атанасовска Крстевска, и наставникот по математика Даниела Моневска, со голем интерес проследија едукативно предавање, а потоа го посетија и Музејот на Народната банка, каде што уживаа во богатата нумизматичка збирка на монети.






Поврзани содржини