ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Презентации и одржани работилници за заштита од пожар, поплави и земјотрес

Во период од 17/03/2025 до 04/04/2025 година во нашето училиште, во текот на наставата, за време на слободните изборни активности и други активности учениците следеа презентации за пожар, поплава и земјотрес. Покрај стекнати теоретски знаења, учениците се здобија и со практични вежби за заштита од истите, особено при престој во училиште.

*Активности со ученици од I (прво) одделение проследени презентации за непогоди, разговор со употреба на техника стоп, преку прашања учениците се поттикнуваа на размислување и самостојно доаѓање до заклучоци.

*Работа во групи: цртање и боење поплава, лавиринти, нацртај го пожарникарот како го замислуваш…земјотрес, боење земјотрес и практични активности за заштита при земјотрес…

*Активности со ученици од II (второ) одделение, следење на презентациите, разговор со учениците и споделување на искуства, практични вежби за заштита.

Одделенски наставници: II a-Маја Питроповска и Марија Лефковска, II б-Славица Стојаноска и Елена Мисајловска, II в-Розета Фиљкова и Билјана Личкова II г-Слободанка Басотова.

*Активности со ученици од III (трето) одделение, следење на презентациите, разговор со учениците и споделување на искуства, практични вежби за заштита.

* Активности со ученици од IV (четврто) одделение, следење на презентациите, разговор со учениците и споделување на искуства, практични вежби за заштита, работа во групи

* Активности со ученици од V (петто) одделение, следење на презентациите, разговор со учениците и споделување на искуства, практични вежби за заштита, работа во групи, симулација на елементарни непогоди и примена на мерки за заштита. Интегрирање на содржините со слободен изборен предмет-справување со природни катастрофи.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.