ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Работилница на тема: „Професионален и кариерен развој“

Како дел од програмата за професионална ориентација за учениците, училишниот педагог и психолог со учениците од деветто одделение одржаа предавање на тема:”Професионален и кариерен развој”. Целта на предавањето е да им се помогне на учениците при изборот на средното училиште согласно нивните способности и интереси .

Особена чест ни претставува што во предавањето учество зеде и проф. д-р Лазар Јовевски, професор по трудово право. Тој со своето излагање ги мотивираше учениците како да направат вистински избор каде ќе го продолжат своето образование.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.