ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Srekjen i uspeshen pochetok na shkoluvanjeto, dragi prvachinja! 1

Среќен и успешен почеток на школувањето, драги првачиња!

Многу радост, весело опкружување, детски џагор, ведри насмевки, песна и игра го отсликаа денешниот свечен прием на првачињата, на 01.09.2023 (петок), што во нашето училиште, ООУ „Стив Наумов“ – Скопје, се одржа со почеток во 09:00 часот.

Родителите и учениците беа срдечно поздравени од страна на директорката на училиштето, Лилјана Стефановска, која им се обрати со пригоден говор и со желби за среќен почеток на школувањето и за успешна и безгрижна учебна 2023/2024 година.

За топло добредојде на секое прваче од страна на училиштето, по влезот во училишните простории и при непосредното запознавање со своите наставнички, му беше врачен и соодветен подарок.

Одделенски наставник и координатор за Детска организација: Елизабета Каранфилова

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе