ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Svetskiot den na deteto vo chest na decata 1

Светскиот ден на детето во чест на децата

На 20 Ноември го одбележавме Светскиот ден на детето на кој во фокусот беа ставени детските права и обврски, и тоа преку реферат и мултимедијални презентации за детските права и обврски, работилници за изработка на флаери со детски права и нивна меѓуодделенска размена, уникатни илустрации со пораки за детските права и ликовни изложби.

Учениците од одделенска настава присуствуваа и на 54. издание на детскиот музички фестивал „Златно славејче 2024“ каде во радост и во весела атмосфера уживаа на овој посебен ден следејќи ги новите музички детски хитови и продолжувајќи ја традицијата за посета на ова впечатливо музичко обележје на нашиот главен град.

Координатор за Детска организација:

Одделенски наставник – Елизабета Каранфилова

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе