ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Запознавање на учениците со правилата за орално здравје

Под покровителство на Општина Гази Баба специјалист ортодонт Др.Марија Караѓозова од специјалистичка ординација по ортодонција Др.,, Караѓозова Ивановска,, која се наоѓа во Општина Гази Баба, подготви предавање на тема ,,Волшебната ортодонција – дел од превенцијата на дентофацијалниот систем.

Предавањето е во соработка со Општина Гази Баба и има за цел да ги информира и запознае учениците од VIII и IX одделение со превенцијата и правилниот раст и развој на оралофацијалниот систем.

На учениците им беа поделени едукативни флаери со правила за орално здравје како и хигиенски помагала за орална хигиена обезбедени од Општина Гази Баба.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.