ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

21 Mart-Megjunaroden den na shumite 1

21 Март-Меѓународен ден на шумите

Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, го одбележа Меѓународниот ден на шумите заедно со учениците од петто  Б одделение од ОOУ „Стив Наумов“ – Општина Гази Баба.

Имено, покрај интересните предавања за улогата и значењето на шумите, како и запознавањето на факултетските збирки за инсекти и за диви животни, посетителите, заедно со членовите на факултетот, ја збогатија живата колекција на дрвенести растенија – дендропаркот, со нови четири претставници од урбаната дендрофлора: култивари на црвенолисна бука, воден габер, бел бор и на украсно многуцветно јаболко.

Одделенски наставник: м-р Анетка Трајкова

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе