ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Crveno - bela nishka na prijatelstvoto 4

Црвено – бела нишка на пријателството

На 1 Март се одбележува Денот на Мартинките, стар обичај кој се негува во нашата земја. Мартинките се изработуваат од црвен и бел конец и се подаруваат како симбол на здравје, љубов и среќа.

Обичајот е поврзан со доаѓањето на пролетта и будењето на природата. Луѓето си разменуваат Мартинки со желба за радост и успех во текот на годината. Децата особено се радуваат кога ги носат на раката или на облеката. Според традицијата, Мартинката се носи сè додека не се види првата ластовица или расцветано дрво. Тогаш се остава на гранка како знак на почит кон природата. Овој убав обичај нè потсетува на пријателството, добрината и новиот почеток што го носи пролетта.

Во нашето училиште ООУ “Стив Наумов”- Скопје, секоја година се организираат работилници со учениците во кои се изработуваат  креативни Мартинки.

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе