ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Ednodnevna obuka na tema Nashite prava 1

Еднодневна обука на тема „Нашите права“

ООУ „Стив Наумов“ — Пилот училиште во глобалниот проект „Нашите права“ 🌍⚖️

На 11.02.2026 година, наставници и стручни соработници од нашето училиште присуствуваа на еднодневна обука на тема „Нашите права“. Нашето училиште е едно од четирите пилот-училишта вклучени во овој голем проект. 🏫✨

Цели на проектот:

Проектот има за цел да го зајакне подучувањето за човековите права и правата на детето, да поттикне почитување и разбирање уште од најрана возраст и да придонесе кон мир и безбедност во заедницата. 🤝🛡️

Станува збор за глобален проект што се реализира во 27 земји (Европа, Азија, Блискиот Исток, Латинска Америка, Африка и Австралија), а е наменет за деца на возраст од 10 до 12 години. Наставната алатка „Нашите права“ се користи на 24 јазици и е дел од Светската програма за образование. 🌏📖

Проектот е финансиран од Министерството за надворешни и европски прашања на Р. Словенија 🇸🇮 и спроведен во соработка со БРО и Центарот за човекови права. 🇲🇰

Следат бројни работилници со нашите ученици! Одиме напред! 🎒🎓🚀

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе