ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Predna standard 2

Проект „Нашите права“

На 11.02.2026  година  наставници и стручни соработници од училиштето присуствуваа на еднодневна обука на тема „Нашите права“. Проектот, кој е финансиран од Министерството за надворешни и европски прашања на Република Словенија, го спроведуваат Бирото за развој на образованието и Центарот за човекови права и решавање конфликти на Република Македонија. Нашето училиште е едно од четирите пилот училишта.

Проектот „Нашите права“ има цел преку обука на наставниците да го зајакне подучувањето и учењето за човекови права и правата на детето, да поттикне почитување и разбирање уште од најрана возраст и да придонесе кон мир и безбедност во заедницата. Станува збор за глобален проект што се реализира во 27 земји во Европа, Азија, Блискиот Исток, Латинска Америка, Африка и Австралија, а е наменет за деца на возраст од 10 до 12 години. Во проектот се вклучени и деца од малцински заедници, вклучително и ромски деца, додека наставната алатка „Нашите права“ се користи на 24 јазици и е дел од Светската програма за образование за човекови права.

Следат бројни работилници со нашите ученици на теми поврзани со учењето за човекови права и правата на детето.

Proekt Nashite prava 1

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе