ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Predna standard 2

Натпревар по математика – КЕНГУР  2021

На 24 Март, 2022г. во нашето училиште се одржа меѓународниот натпревар КЕНГУР 2022, на кој зедоа учество ученици од прво, второ, трето, четврто и петто одделение. Во текот на неделата пред натпреварот најпрво претходеа подготовки кои се однесуваа на реализирањето на истиот, а натпреварот беше со физичко присуство. Учениците беа организирани во две групи и беа распределени во две училници (во една група беа учениците од прво, второ и трето одделение, а во друга беа учениците од четврто и петто одделение) односно, ваквата распределба беше поради содржината на тестовите според возраста на учениците, а воедно и поради поуспешно реализирање на натпреварот.

Натпреварот започна во 11.00ч, а заврши во 12.15ч, при што учениците навремено започнаа со решавање на тестовите.

На самото место беа присутни одговорните наставници (членови на државната комисија за КЕНГУР 2022) – Љубинка С. Петрушева, Мери Тодорова Младеновска, Благица Илиевска и Анетка Трајкова кои се придржуваа до однапред предвидените правила за одржување на натпреварот, така што регуларноста во спроведувањето на истиот беше обезбедена, учениците беа правилно распределени и воедно беше обезбедена тајноста на работата на секој ученик поодделно.

Натпреварот течеше во пријатна атмосфеара и беше успешно реализиран.

Повеќе од учениците кои учествуваа на натпреварот освоија трети места.

Natprevar po matematika – KENGUR  2021 1 Natprevar po matematika – KENGUR  2021 2

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе