ООУ СТИВ НАУМОВ

Општина Гази Баба – Скопје

Predna standard 2

Подарете Мартинка и направете некого среќен!

Во минатото, првиот ден од месец Март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Во чест на Први Март, девојките и жените плетеле алки – Мартинки.

Мартинката се подарува во чест на Баба Марта и истата се носи на левата рака или закачена на облеката. Се вели дека подарената Мартинка е знак за топло пријателство или среќа. Затоа подарете Мартинка и направете некого среќен!

Мартинките се традиционален украс од бел и црвен конец, кој се плете во вид на нараквица и се закачува на првиот ден од месец Март. Црвената боја на Мартинката значи живот, а белата чистота и здравје. Со конец се изработуваат и разновидни фигури во овие две бои, меѓу кои најпозната е фигурата на момче и девојче.

Мартинката може да се отстрани на прв поглед на штрк, ластовичка или дрво кое расцветало.

Во нашето училиште ООУ “Стив Наумов”- Скопје , секоја година се организираат работилници со учениците во кои се  изработуваат креативни Мартинки.

Одделенски наставник:
Руменка Дејанова

Logo stiv naumov 512
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе