ООУ Стив Наумов

Општина Гази Баба – Скопје

Среќен и успешен почеток, мили наши првачиња!

Денес нашето училиште, „Стив Наумов“ –Скопје, срдечно им ги отвори вратите на новите првачиња кои беа пречекани и поздравени од страна на директорот, Елизабета Јовановска, одделенските наставници, вработените и водителот на приредбата, Слободанка Басотова. Со топли желби за среќен почеток и за успеси во натамошното школување нашите првачиња денес зачекорија по еден нов пат – по патот на нови предизвици и поучни искуства, во еден нов свет – во светот на науката, знаењето, етиката, новите пријателства и другарувања.

Благодарност до учениците, членови на Детската организација, од IIв, IIIа, Vа, Vб и Vв одделение за својот несебичен придонес и ангажман на приредбата со одбран репертоар наменет за нашите првачиња, кои се и нашата иднина.

Драги првачиња, ви посакуваме успешна и безгрижна учебна 2022/2023 година!

Координатор за Детска организација:

Елизабета Каранфилова

Предметна настава:

Бојана Митевска

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.